По бегството на Никола Груевски во Будимпешта, неговите поранешни сопартијци и блиски соработници, Миле Јанакиески и Гордана Јанкуловска, го осудија чинот.
„Најостро го осудувам ваквиот чин, бидејќи ќе влијае негативно на судските предмети во целост, а посебно во оние предмети каде сме заедно обвинети“, изјави Јанакиески за ТВ21 и рече дека не планира да бега од Македонија .
Со слична реакција излезе и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, која вели дека не и паѓа на памет да бега од Македонија.