Судот по повеќе од една година судски процеси, во случајот ,,Титаник 2“ на СЈО, за изборни измами, ја донесе следната пресуда :

 

Мендух Тачи е виновен и се казнува со казна затвор 3 години и 2 месеци.

Бедредиин Ибраими е виновен и се осудува на 4 години 6 месеци.

Влатко Сајковски е виновен и е осуден на казна затвор од 3 години.

Обвинетиот Сашо Срцев доби казна затвор од 3години.

Анета Стефановска е виновна и осудена на казна затвор од 3 години.

Сашо Мијалков е виновен и е осуден на казна затвор од 3 години.

Во текот на постапката беа изведени мноштво материјални и вербално докази и испитани бројни сведоци.

Бедредин Ибраими извршил влијание за локалните избори во 2013 за да се поништи изборниот резултат во неколку избирачки места што влијаело на изборниот резултат.

Членот на ДИК во ова време, Бедредин Ибраими го искористил своето влијание и службена положба да влијае на изборните резултати, на локалните избори во Струмица.

Мендух Тачи по телефонскиот разговор со Сашо Мијалков го поттикнал Ибраими да ја искористи својата службена положба и овластување по што тој гласал за поништување на резултатите од гласањето на неколку избирачки места во општина Струмица, со што овозможил на кандидатот на ВМРО ДПМНЕ да оди во вториот изборен круг.

Останатите членови на ДИК во 2013 година, Сашо Срцев, Влатко Сајковски и Анета Стефановска се товарат за соучесништво.

Судечкиот совет е длабоко убеден дека никаде и никогаш не смее неправото да биде над правниот систем.

Судот е на мислење дека никој нема право да ја узурпира правната држава за тесни лични или партиски интереси.

Судот смета дека со пречекорување на границите на службените овластувања нанесена е штета на државниот буџет, но уште повеже направиле директна штета на изборен процес.

Во случајот „Титаник 2“ за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година им се судеше на лидерот на ДПА, Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и на поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.