Без коментар-слика без тон од средбите на Груевски на Малта(видео)

За време на конгресот Груевски оствари билатереални средби и разговори со повеќе претставници од Европската Унија, како и политичари од Европската народна партија. Тој оствари средба со претседателот на Сoвет на Европа Доналд Туск,  како и претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани. Се сретна со Претседателот на Форца Италија Силвио Берлускони, како и со повеќе европратеници и политички лидери-се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

,,Покрај следењето на Конгресот и интересните дебати кои што беа овде во Малта беше интересно што имавме можност да се видиме со повеќе политичари од Европа, со луѓе со кои што е добро да се зборува за Македонија, за стратешките интереси на државата, за нашите интеграции, како и за домашните политички случувања во кои сме донесени поради се она што СДСМ го направи во изминатиот период. Ова беше добра можност да се образложат состојбите, да се дадат точни информации и да се побара понатаму поддршка за Македонија за излез од кризата. Ова беше разговарано на повеќето средби вклучувајќи ја и онаа со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, за мигрантската криза и секако за сите други значајни работи за Република Македонија” изјавил Груевски по средбите пренесува ВМРО ДПМНЕ.

Во обраќањата пред конгресот каде присуствуваат шефови на влади и држави меѓу кои челниците на Европската Унија, германската канцеларка Меркел, шпанскиот премиер Рахој и други европски политичари, премиерот на Унгарија Виктор Орбан испрати порака дека потребна е стабилност на балканот и во Македонија а таа не е можна без Груевски, и прати порача дека излезот се брзи избори што преставува стратешки интерес на Унијата.

“Ако милиони мигранти почнат да маршираат на Балканот повторно невозможно е да се одржи стабилност. Македонија не може да биде стабилна без партијата на Груевски. Стабилноста на Балканот бара нови избори во Македонија што е можно побрзо. Ја поздравувам резолуцијата за понатамошно проширување на Европската Унија, и клучно е за стабилноста започнување на преговори со Македонија” изјави Орбан.

ВМРО ДПМНЕ тврди дека порака на подршка во име на Европската Народна партија испрати и словечекиот лидер Јанез Јанша.

-“Како семејство на Европски народни партии секогаш ќе продолжиме да ги подржуваме нашите сестрински партии во Европа и непомагајќи им на левицичарите да ги уништуваат некогаш со селективна правда, со парите на СОРОС ризикувајќи ја стабилноста во целиот регион како што тоа сега се случува во Македонија” изјави Јанша пред европските лидери и раководството на Европската Народна Партија.