Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, се согласи да го прими американскиот државен секретар, Мајкл Пенс, во претседателската палата во Истанбул, но воопшто не криеше дека не е пријателски расположен.

Воздржаност, на граница на нетрпеливост, помина ракувањето, без ни малку дипломатија.

Мајкл Пенс допатува денеска во Истанбул во обид да го разубеди Ердоган и со закано со економски санкции да престане со воената операција против Курдите во Сирија.

Претходно, турските медиуми објавија дека Ердоган го фрлил во корпа писмото од Трамп во кое тој го нарекува ,,опасен и будала“.