Бекатон револуција

Одамна се говори дека најголемите или најслатките пари на локално ниво се прават со бекатон плочките. Сведоци сме дека тротоарите, скверовите, плоштадите и патеките многу често се прекопуваат, се вадат старите и се местат нови елементи, со изговор дека претходните се веќе распукани и дотраени, но никој не дава отчет зошто толку бргу пукаат, се расклатуваат или дури и пропаѓаат цели делови во големи дупки.

propadja-novoto

Оваа слика е направена на се уште недовршениот, нов плоштад пред храмот Пресвета Богородица. Патеката пропаѓа, палети нови бекатон плочки стојат наоколу, но долго време никој ниту реагира, ниту ја поправа неквалитетно изведената патека. Ако продолжите кон Министерство за надворешни работи ќе наидете на одводните црева кои ја испумпуваат водата и фекалиите од темелите на новиот објект во приватна сопственост.

kanalizacija

Столпчињата се искорнати.

stolbcinja

Неизбежниот новокомпониран декор-палмите,веќе се подзасушени.

palmicki

Одиме натаму. Откако ќе ја преминете улицата може да останете изненадени, бидејќи ќе наидете на слободна парцела. И тоа во централното градско подрачје. Алелуја!

ekranparcela

За целосен барокнен впечаток, придонесуваат секако LED екраните закачени на фасадите на новите згради со стар изглед. Ред реклами, ред македонска музика…

ekranmuzika

Ех! Македонија вечна да е!