Белата куќа очекува Русија да и го врати Крим на Украина

,,Претседателот Трамп се надева и посакува добри односи со Русија, но смета дека Русија треба да им го врати Крим на Украинците“-изјави портпаролот на Белата куќа Шон Спејсер.

Оваа најнова изјава следуваше по скандалот и оставката на Трамповиот советник за национална безбедност Мајкл Флин заради недозволени блиски врски со рускиот амбасадор во САД уште пред официјално да стапи на својата должност.

Според изјавата на портпаролот Спајсер, Русија го зграпчила Крим за време на владеењето на Обама, за разлика од тогаш, актуелната нова амбасадорка на САД во ОН Ники Хејли остро го осудила ова.

Амбасадорката во ОН рече дека Крим е дел на Украина и санкциите кон Русија во иднина ќе останат се дури не биде вратен на оваа земја.