Белград: Возач со џип влетал низ скали во подземен премин мислејќи дека е гаража

Збунет возач, кој најверојатно бил под дејство на алкохол, во Белград со својот џип марка ,,Доџ“ , на изненадување на сите минувачи , тргнал низ скалите на подземниот премин во близина на Вуковиот споменик во центарот на градот, мислејќи дека е гаража.

Како што пренесува Блиц, инцидентот се случил вечерва околу 18 часот, а возачот успеал да сопре дури на половина од скалите кои водат кон подземниот преми.

 За среќа никој не е повреден.
Samo zadnji točkovi ostali da vire

Автомобилот остана на скалите неколку часа, а Блиц пренесува дека минувачите не можеле да го користат овој премин, освен најслабите кои се протнувале низ тесниот простор.

Nema prolaza

После неколку часа, џипот е успешно отстранет од скалите во подземниот премин.

Ekipa AMSS izvlači auto iz podzemnog
Извор:Блиц