Заменик градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, со автомобил се прошета до местото во градот од каде најдобро се гледа целиот проект ,,Белград на вода“ , за да ѝ претстави на српската јавност на колкав простор се гради овој, за многумина, контроверзен проект.

На градењето на овој проект му претходеа низа сомнителни настани, во кои загина еден чувар во една од урнатите фирми кои постоеа на овој простор.

Становите се продаваат по прилично високи цени за метар квадратен и еден метар квадратен станбен простор изнесува од 3000 евра па нагоре, во зависност од катноста.

Колку е санот на повисок кат, толку е цената повисока поради исклучителниот панорамски поглед.

Извор. Телеграф.рс