Белиот мршојадец повторно и се врати на дивината

Малиот бел мршојадец кој пред неколку недели падна на улица во Кавадарци и беше спасен од страна на граѓани викендов повторно се врати во природа. По извесен период на грижа и исхрана од страна на Зоолошката градина во Скопје, мршојадецот беше обележан со прстени за препознавање (зелен М16 на левата нога) и транспортиран во близина на ранилиштето за мршојадци каде беше ослободен.

-„ Иако денот беше маглив се помина во најдобар ред. Младата птица како да сакаше да ни се заблагодари за грижата не полета веднаш, туку неколку минути стоеше во наша близина со раширени крилја, а глетката и чувството кое го имавме беа неверојатни. Му го дадовме името Филип Втори зашто овој вид птици важат за господари на небото кои летаат и по двеста километри оддалеченост во потрага по храна. Ме радува фактот што граѓаните ја препознаваат важноста и неопходноста на ваквиот вид птици. Тоа е и сатисфакција за напорите кои ние ги вложуваме за зачувување на мршојадците во Македонија“, изјави претседателот на Здружението Аквила од Кавадарци,Томе Лисичанец.

bb bo

Птицата паднала на улица во Кавадарци на почетокот на овој месец.

-„0д засега непознати причини птицата падна на улица пред мојот дом, целиот избезумен и без ориентација, се обидуваше повторно да полета, но за жал направи уште поголема непријатност се удри во уличните кабли и повторно падна, веќе со повреда. Со еден комшија истрчавме да му помогнеме и веднаш за случајот ги известивме полицијата и локалното друштво кое се грижи за овие ретки птици. Од нивна страна ни беше сугерирано да го згрижиме да не се повреди уште повеќе додека да пристигнат на лице место“, раскажува очевидец.

Откако било утврдено дека станува збор за млада птица, помлада од 1 година ,подоцна и е измерен распон на крилјата од 1,80м и се уште неевидентирана во системот на ретки птици- Заштитени со закон како национално богатство- Белоглав мршојадец, европска единка од загрозен вид, бил контактирани во Институтот за ветеринарство, кои дошле во Кавадарци и го презле мршојадецот на понатамошни испитувања и лекувања.

Белоглавиот мршојадец е неверојатен навигатор кој знае добро да се снајде во големи пространства и на големи растојанија во својот лет. Тој е и многу ефикасен летач кој умешно ги користи ветровите при што троши малку енергија прелетувајќи огромни растојанија.

bor

Во август младите ги прават своите први летови по што почнува нивната обука во летање и потрага по храна заедно со нивните родители. Главни проблеми за нивниот опстанок кај нас се, недостаток на достапна храна, труење и вознемирување.

Најмногу го има во околината на Демир Капија, клисурата на Црна Река во близина на Тиквешко Езеро, Мариово, на планината Осогово и кај езерото Матка. Белоглавиот орел е трајно заштитен со закон.

Билјана Н. Тошевски