Белопета: Лага е изјавата на Заев дека немаме доставено документи

Долгогодишниот директор на Скопскиот џез фестивал, Оливер Белопета, реагираше на изјавата на заев дека немаат доставено документи при апликацијата за државна субвенција.

,,Морам да реагирам на зборовите на господинот Зоран Заев вечерва на ТВ24.
Цитирам: “Смешно и трагично е да ви кажам дека ни еден документ нема доставено еден џез фестивал. Ни еден.документ. Го молеа до последен момент. Еден документ, по процедура, по протокол, по се“.
Секој поединечен искажан збор е неточен! Комплетна лага! Не е мое да претпоставуван кој од неговите најблиски кабинетски соработници му пренесува вакви “информации“, иако притоа не би бил далеку од вистината“-вели Белопета.

По бурните реакции, Заев најави дека голем дел од конкурсот ќе биде поништен.