Бердих го освои турнирот во Шенжен

Чешкиот тенисер Томаш Бердих ја одбрани титулата во Шенжен, откако денес во финалето го победи Французинот Ришар Гаске со 7:6, 6:7 и 6:3.

Оваа титула е прва за Бердих уште од освојувањето на трофејот во Стокхолм пред речиси една година. Нему ова му е 13 титула во кариерата.

Бердих го загуби својот сервис во првиот гем од првиот сет, но веќе во следниот направи брејк и на крајот тој дел од играта го доби во тај-брејк (7:5).

Гаске во вториот сет одбрани две меч топки пред да го освои сетот во тај-брејк (7:2).

Чешкиот тенисер брзо се опорави после загубениот сет, направи брејк во шестиот гем за водство од 4:2 и таа предност не ја испушташе до крајот на мечот.