БЕСА: Албанците во ДИК одработуваат за ВМРО ДПМНЕ и за Груевски

 

,,Повторно прекршувајќи го правото, ДИК уште еднаш потврди дека Македонија е земја каде правдата е поретка дури и од водата во пустина. Денеска уште еднаш се потврди дека ДИК донесува одлуки со политички диктат, но беше многу болно да гледаш како албанските претставници во неа, тие од ДУИ, ДПА, и тој кој наводно е независен, го штитеа интересот на ВМРО ДПМНЕ и на Никола Груевски повеќе од самите претставници на Груевски во оваа комисија. Доведени во ваква ситуација, кога повеќе не и веруваме ни на ДИК, ниту на правдата во оваа земја, последната надеж е дека многу брзо на местото на претставникот на ДПА, или поточно, на претставникот на ВМРО ДПМНЕ, Бедредин Ибрахими, ќе биде претставникот на Движењето БЕСА и ова ќе биде една можност оваа многу значајна институција да се  демократизира,,-рече Аријанит Хоџа од БЕСА.