БЕСА атакува на еден пратеник на ВМРО ДПМНЕ во ИЕ 2

БЕСА која на овие избори освои пет пратенички места, ќе поднесе приговири за неправилности на неколку избирачки места. Тие највуваат дека ќе ги оспорат резултатите од 2 ИЕ бидејќи се јавува разлика меѓу гласовите внесени во записниците и збирниот резултат објавен од ДИК. Од Беса најавуваат дека е возможно да обезбедат уште еден пратеник во втората изборна единица, бидејќи разликата меѓу нив и ВМРО-ДПМНЕ е околу 200 гласа. Ако Државната изборна комисија ги прифати приговорите, Беса во ИЕ2 ќе има дваца пратеници, а ВМРО-ДПМНЕ наместо девет – ќе има осум пратеници. Со ова би се променила и вкупната бројка на освоени мандати на владејачката коалицијата од 51, на 50 со што разликата со коалицијата на СДСМ ќе биде само еден пратеник.

Од Беса најавуваат приговори и за изборната единица број 6, иако таму не очекуваат уште еден мандати.

-Разликата во втората изборна единица е само 200 гласа. Се уште правиме анализи бидејќи имаше разлики во бројките на сајтот на ДИК. По изборни единици гласовите се внесен правилно, но бројката во вкупна сума не е точна. Зошто ова се јавува не знаеме. Имаме информации дека во два записници од едно избирачко место има различни податоци – рече Кастриот Реџепи од Беса.

Приговорите што ќе ги поднесат се однесуваат на групно гласање, гласање за друго лице, притисоци, обиди за бугарски воз, полнење на кутии и шчекуваат прегласување.