Беса го критикува прераспоредувањето на судиите

Политичкото движење Беса го осуди однесувањето на претседателката на Основен суд Скопје 1, која распредели дваесетина судии во Суд за прекршоци. Беса најавува дека тие нема да толерираат вакви злоупотреби од страна на одредени судии и најавија дека ќе се злагаат за целосни реформи во правосудниот систем.

„Одлуката за прераспределбата на судиите на кривичниот суд претставува скандалозна интервенција на владејачките партии во судскиот систем во Република Македонија.Судиите, кои досега решавале за случаите на Специјалното Јавно Обвинителство и нивната замена со судии кои се знае дека се блиски со владејачката партија, претставува не само флагрантно кршење на автономијата на судовите, туку и директен упад во работата на единствената кредибилна институција во правниот систем – СЈО“-смета Беса.

,,Судовите ќе бидат целосно независни и објективни и ова ќе се случи во многу блиска иднина. Во оваа прилика, уште еднаш го изразуваме нашиот став и нашата безрезервна поддршка за продолжување на работата на СЈО “, се вели во соопштението на движењето БЕСА.