БЕСА: Некои политички експоненти на инфантилен начин ја присвоија Платформата

Политичкото движење Беса одбива да седне на заедничка маса со лидерот на ДУИ Али Ахмети. Тие денеска обвинија дека ,,некои политички експоненти на инфантилен начин ја присвоиле Декларацијата“.

„По големиот интерес од медимите за тоа дали Движење БЕСА ќе учествува или не на состанокот  во Скопје, ја известуваме јавноста дека не гледаме никаква обврска да учествуваме на состаноци кои не се во духот на Заедничката Декларација на партиите на Албанците  во Македонија, за нас ова е само билатерален состанок помеѓу две  партии на Албанците во Македонија.

Движењето БЕСА стои на ставот дека и покрај тоа што некои политички експоненти – на инфантилен начин – ја присвоја Декларацијата, сепак Движењето БЕСА ќе продолжи да ја поддржува Декларацијата и кога овие точки ќе дојдат во Собранието на Република Македонија, нашите пратеници ќе ги поддржат истите“ се вели во нивното соопштение.

Во Скопје на иницијатива на Зијадин Села, се одржува среба меѓу дел од потписниците, ДУИ, Алијанса на Албанците и партијата на Села.