Беса не ги повлекува потписите и останува дел од парламентарното мнозинство(видео)

Не е точно дека Беса ги повлекеле потписите , иако за тоа проструија некои информации. Тоа не е точно, Беса се дел од новото парламентарно мнозинство , заедно со СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанци. Ова го потврди генералниот секретар на СДСМ

Оливер Спасовски, во интервју за ТВ24:

Африм Гаши од БЕСА вчера исто така ја демантираше  информацијата која ја пласираше Артан Груби од ДУИ.

,,Одлука дали ќе влеземе во Влада не сме донеле, разговаравме само за избор на претседател на Собранието. Ние не ги повлекуваме потписите, ќе го помагаме процесот колку што можеме. Ирационално е да се помисли дека би коалицирале со ВМРО-ДПМНЕ. Ние сакаме нова, реформска влада, СЈО да проработи, сакаме Специјален суд. БЕСА гледа процес кој е добар за граѓаните и помага на тој процес. Сметаме дека Груевски не е добро да биде повторно премиер.

Ние не го спречуваме процесот за избор на претседател на Собрание, тој може да се избере и без нас. Не сакаме да го спречиме тоа, но треба да укажеме дека на ваков начин и со условувања таквата Влада нема да биде реформска-“-вели Гаши.