Беса први кај Иванов на консултации, Груевски последен

Претседателот на РМ Ѓорге Иванов со средбата со лидерот на Беса Билал Касами, ја започнува серијата средби со лидерите на политичките партии. Тој сака да се консултира со сите чинители во процесот пред да го додели по втор пат мандатот за состав на нова Влада, откако тоа не му успеа на Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ.

Средбата со претседателот на Беса е закажана за во 12 часот, со претставниците на „Алијанса за Албанците во 13 часот, со претседателот на ДУИ Али Ахмети во 14.30 часот, а со претседателот на СДСМ Зоран Заев во 16 часот.

Средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски е зкажана последна во 17 и 30.

Од ДПА нема одговор дали воопшто ќе ја прифатат поканата на Иванов.

Иванов претходно оствари средба со претседателот на Уставен суд.

ако.мк