Беса со свој кандидат за претседател на Собрание

Беса ќе предложи свој кандидат за претседател на Собрание на РМ. Портпаролот на оваа партија, Орхан Муртезани ова го изјави за ТВ21 , но не откри имиња, иако според неофицијални информации на партијата веќе е јасно дека станува збор за Африм Гаши или Фадил Зендели.

„Движењето Беса не донесе одлука за поддршка на Талат Џафери за собраниски спикер. Последната одлука на централното раководство на Движењето Беса е и ние да предложиме свој кандидат за претседател на Собранието. Ако нема поинаква одлука од раководството ние остануваме на ставот да имаме свој кандидат за таа функција”, изјави портпаролот на Движењето Беса.

На прашање од ТВ21, дали ќе го поддржат кандидатот на ДУИ, Талат Џафери, социјал-демократите на Зоран Заев изјавиле дека ќе почекаат да продолжи конститутивната седница за да го кажат својот конечен став.