Беса ќе даде предлог за претседател на Собрание

Ова го изјави лидерот на Беса Билал Касами по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан. Тој кажа дека Хан дал поддршка на новата влада и дека очекува сите да гледаат кон иднината. Касами вели дека декларацијата што тие ја предложија не е платформа и дека тој со неговата партија државните интереси ги ставаат пред личните, што било порака и од Хан.

Во моментот еврокомесарот ги одржува најавените средби со политичките лидери на парламентарните партии , а истовремено со јавноста комуницира преку твитер.

Тој твитна дека нема врме за губење и на Македонија и е потребна нова влада.