Бесплатен градски превоз во Скопје дури не се намали загадувањето

Град Скопје воведе бесплатен градски превоз за сите граѓани на територија на Скопје. Оваа мерка стапува на сила утре(07.02.2017) и ќе трае се додека не се намали енормната загаденост.

Градоначалникот Коце Трајановски најави зголемена контрола на сите градилишта и на возилата што ги напуштаат дали се измиени прописно, а ќе воведат повторно миење на градските улици.

Трајановски ги повика и надлежните министерстав да извршат засилена контрола на сите инсталации, оџаци и индустриски капацитети во градот.

Градот Скопје воведува рестрикција на користење на службени возила, а нив ќе ги користат само инспекциите што одат на терен.

Фото:Илијоски