Беспредметно барањето на Јавно обвинителство за заштита на законитоста за изречениот притвор на Кочан

Специјалната јавна обвинителка е единствено надлежна за предмети од надлежност на ова обвинителство. Тоа значи дека поднесеното барање за заштита на законитоста до Врховниот суд , а  во врска со одлуките на пониските судови со кои е потврден 30 дневниот притвор за Сеад Кочан, е беспредметно.

 „Јас како Јавен обвинител сум исклучиво надлежна да постапувам по предметите поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите во сите судски инстанци. Поради тоа денес со поднесок испратен до Врховниот суд на Република Македонија го повлеков барањето за заштита на законитоста поднесено од Јавното обвинителство на Република Македонија“-изјава на Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

Писмениот допис со кој е повлечено Барањето за заштита на законитоста може да го преземете тука.