Бес на социјалните мрежи заради узурпацијата на Овалната соба од Иванка Трамп

Фотографијата што ја постави ќерката на американскиот претседател Иванка Трамп на социјалните мрежи, на која се гледа како таа седи на претседателското место во Овалната соба во Белата куќа, а покрај неа стојат нејзиниот татко и Премиерот на Канада, предизвика бес на социјалните мрежи. Иванка нема никаква функција или официјално задолжување во Белата куќа, но таа е постојано покрај Доналд Трамп, дури присуствуваше и на официјалните средби меѓу Трамп и Трудо.

Во ек на разгорување на огромниот скандал со оставката на Советникот за национална безбедност, кој практично си заминува од функцијата само по неколку недели, ова е нов скандал предизвикан од Трамп или неговото опкружување.

Иванка Трамп  фотографијата ја закачила на Твитер, Инстаграм и  на Фејсбук, а напишала ,, Одличен разговор со двајца светски лидери за тоа колку е важно жените да имаат свое место на масата“!

Иванка Трамп за време на посетата на канадскиот Премиер Џастин Трудо седела веднаш до него на тркалезната маса со жените работодавачи во САД и Канада.