Бејли ги отфрла шпекулациите дека се меша во работата на ДИК

Американската амбасада реагираше на зачестените пишувања и конструкции на провладини медиуми дека амбасадорот Џес Бејли влијаел на работата на Државна изборна комисија. Од таму демантираат дека тој воопшто бил во ДИК или дека се сретнал со некој нејзин претставник.

„Со загриженост го бележиме ова неточно известување,во  кое се тврди дека американски амбасадор се меша во работата на Државната изборна комисија. Ова не е време за објавување на лажни вести или заговори. Амбасадорот на САД не се сретна со претставници на ДИК, не ја посетил Државната изборна комисија, ниту пак интервенирал кај некој од членовите на ДИК. САД ги поддржуваат правата на граѓаните на Република Македонија во демократски процес кој е отворен, транспарентен и одговорен. Ова вклучува и разгледување на жалби и приговори, во согласност со македонските закони“, се вели во реакцијата од Американска амбасада објавена на нејзиниот твитер профил и веб страница..