Бејли повика Иванов да ја преиспита одлуката , а соседите да не се мешаат

Американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли  го повика Претседателот Иванов повторно да ја разгледа вчерашната одлука и да ја преиспита. Тој исто така ги повика соседните земји да   покажат воздржаност и да бидат конструктивни во овие моменти на   политичка чувствителност во Македонија.

,,Како стратешки партнер на Македонија, со целосна почит на македонскиот суверенитет и единство, го повикуваме Претседателот Иванов уште еднаш да ја разгледа оваа одлука“-рече амбасадорот Бејли во куса изјава за новинарите.

Тој нагласи дека САД се разочарани од вчерашната одлука на македонскиот Претседател да не го додели мандатот на претставници на политички партии, кои имаат јасно мнозинство во Парлементот.

,,Ова не е во согласност со демократските принципи и владеење на правото, кои се наши основи вредности “-рече Бејли.

Американскиот амбасадор потсети на зтавот на Стејт Департментот од пред два дена дека САД очекува брзо формирање Влада, а Иванов да го додели мандатаот на партијата која успеала да обезбеди мнозинство, согласно Уставот.

,,Ги повикуваме и македонските соседи да се воздржат и да бидат конструктивни“-порача Џес Бејли.