Беџети: ДУИ ги мати сите работи, нека се откаже од Платформата

,,ДУИ ги мати сите работи овде затоа што не е искрена и не верувам дека сака решение до крај. Не е ослободена од она за што биле закачени. Овде мислам на дел од раководната структура на партијата. Тие луѓе од партијата се закачени многу лошо и во тоа е проблемот“, вели професорот Абдулменаф  Беџети во изјава за МКД.мк.

Тој решението го гледа само во притисокот од меѓународната заедница кон ДУИ,  како што вели, да се дојде до деблокада на системот.

До тоа, според него, може да се дојде доколку ДУИ ги повлече своите луѓе од институциите, но не само министрите во владата, туку и директорите на институции, или „буквално, сите свои луѓе“.

Во спротивно, ваквата состојба долго ќе трае.

„Можам да се изразам и во фудбалски жаргон, па ќе речам дека сега ДУИ буквално им овозможува слободни удари на ВМРО-ДПМНЕ. Намерно прави прекршок за да го има тој слободен удар и што е уште полошо, дури и го трга голманот, па се однесува во стилот, шутирајте, нема ниту голман“, вели Беџети.

Тој уште додава дека важен елемент за излез од кризата е и платформата на албанските партии, и прашува „зошто ДУИ не се откажува од платформата, кога знае дека сега не важи ништо, бидејќи немаат мнозинство од 81 пратеник“.

Неговата оценка е дека ова што сега го прави, ДУИ го прави намерно, за да оди во корист на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вчера по средбата на Централното претседателство на партијата кусо изјави дека не гледа светло на крајот на тунелот.

Извор:МКД