,,Бидете спремни“-им порача Бетмен Велит на следбениците, се вели ,,подготвени“ одговори Митановски

Ова е пораката на еден од организаторите на секојдневните протести, како што велат, за одбрана на унитарноста на Македонија Богдан Илиевски, познат како Бетмен Велит на неговиот ФБ профил во моменти кога лидерот на СДСМ одржуваше прес конференција.

Неговиот сограѓанин Веле Митановски, новинар му порача:

,,Боби, ти си чедо на пријатели-угледни грагани на Охрид.Боби, сине, симни се од небесата на заблудите!Наврати и се на мислата на Гете од Фауст:Човекот има две души, една која го воздигнува во небото, друга која го влече по земјата!Препрочитај го уште еднаш Е.Хемингвеј: На највозвишените крстопати на животот, нема никакви знаци (и предупредувања), потребно е самиот да ги препознаеш! Онаму каде што е љубовта, сине, таму не продира темнината!Таму каде се љубиме, никогаш не е мрак! Омразата ја храни одмаздата, простувањето не ослободува!Послушај го, барем уште еднаш, чичко Веле:Ти се чедо кое ја минало школата на Супер Радио!Чичко Веле, не те грди, само те советува:Не се пишува спремни, туку подготвени!Ти,нели се бориш за македонската кауза? Јазикот, деца, ни е последната татковина-ме учеше мојот даскал – горостасот од Небрегово, Блаже Конески“-напиша Митановски.