,,Билд” објави снимка од камионот на смртта во Берлин

 

Германски  “Билд”  на својот  сајт објави снимка на која е регистриран моментот кога огромниот камион со голема брзина влетува на шеталиштето во Берлин каде имало многу луѓе дојдени на Новогодишниот панаѓур.

На снимката направена од друг возач во колоната автомобили, се гледа од кој правец доаѓа камионот и со колкав брзина се движи со намера да ги гази луѓето на шеталиштето.

 

Очевидец сведочи дека само што влетал камионот, веднаш се виделе првите луѓе како врескаат и трчаат кон него за да го спречат.

Иако сведокот бил во непосредна близина , тој сепак не го видел возачот на камионот.

Камионот на смртта прегази 12 и повреди 48 лица.

 

АКО.мк актуелно-објективно