Билт:Свесен сум дека Иванов не сака да се сретне со мене,но и ние не сме тука заради него

 

„Имавте избори. Имате Устав кој се практикува во сите европски земји. Понекогаш може да се јават проблеми. Но, следете го Уставот и демократската пракса. Тоа е начинот на кој се решаваат проблемите во европските демократии.  Свесен сум дека  Претседателот Ѓорге Иванов не сака да се сретне со мене, но нашата цел не е да се сретнеме со него.  Имаме неколку други средби, главно со политичките партии. Не сме тука за да се сретнеме со Претседателот“, изјавиКарл Билт во првата изјава по доаѓањето во Скопје.

Тој рече дека  е тука  во извидничка мисија со паневропската невладина организација, да собере информации кои ќе им бидат пренесени на европските лидери врз основа на кои Брисел ќе може да носи одлуки за сегашната состојба во земјата.