Бирократија ќе го изеде Ангелот од Курбиново

Фреските во црквата „Св. Ѓорѓи“ во преспанско Курбиново се нападнати од соли, а делови од нив се ронат во прав, велат експертите од битолскиот Завод и музеј, кои 2,5 години ги истражуваат оштетувањата на целиот објект. Постои опасност неповратно да биде изгубен фрескоживописот во овој светски познат споменик на културата од 12 век, каде е и фреската на светецот Архангел Гаврил, позната како “Ангелот од Курбиново“ .

%d0%ba%d1%83%d1%80%d0%b1%d0%b8%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%be3

„Направени се темелни истражувања на фрескоживописот, секој сантиметар е прегледан. Сите видови на оштетувања ги регистриравме, има многу голема концентрација на соли кои што се најзастапени во најубавите делови на ѕидното сликарство, практично во апсидата каде што се насликани ангелите со кои ние толку многу се гордееме. Сите се загрозени, затоа што солите го уништуваат врзивото на пигментот и ако не се направи нешто, тие како прашина ќе се распаднат и не ќе остане ништо за 10 до 15 години”,- вели Ристо Палигора, историчар на уметност.

%d0%ba%d1%83%d1%80%d0%b1%d0%b8%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%be %d0%ba%d1%83%d1%80%d0%b1%d0%b8%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%be2

Заради оштетувањата на покривната конструкција и атмосферските влијанија, со години влагата го разјадува објектот, на кој се забележуваат пукнатитни и однадвор и во внaтрешноста. По долгогодишната негрижа, сега државата ќе го спасува ова исклучително вредно културно наследство. Реставрацијата и конзеравацијата на црквата во Курбиново, неколку години се најавува како капитален проект на битолскиот Завод и музеј. Од таму велат дека активностите започнаа во 2014 година и тврдат дека овој период не е многу долг за вака обемни истражувања и анализи.

Се жалат дека сложените бирократски процедури неочекувано ги пролонгираат работите, а тимот на терен се соочува со голем број бизарни ситуации што не можат да ги решат за брзо време. -,,Ќе споменам неколку примери со какви проблеми се среќаваме. Има едно стебло на 7-8 метра од црквата, кое доколку се урне ќе направи огромна штета и во голем процент ќе ја уништи црквата. На тој дел сакавме да направиме археолошки ископување, но и спуштање на нивото на земјиштето до нивото на партерот на црквата, со што ќе оновозможиме водата од врнежите да влегува во внатрешноста на објектот , затоа што таа концентрација на влага ги уништува фреските. Пративме барање да ни дозволат да го сечеме стеблото, ниту од Преспанско-Пелагониската епархија, ниту „Македонски шуми“, ниту Националниот парк, никој не си ја презема ингеренцијата да даде дозвола да го исечеме. Ние не можеме тоа да го направиме без таква дозвола. Тоа трае една година, со што една година тие активности се блокирани. Има други такви проблеми, како на пример, за да направиме времена покривна конструкција, за постапката ни беа потребни 8 месеци Процедурите се тие, не можеме да ги менуваме, но наше е стручно и професиално да ја реализираме оваа задача. Во постајана консултација сме со домашни и странски експерти”,- вели Палигора.

%d0%ba%d1%83%d1%80%d0%b1%d0%b8%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%be4 %d0%ba%d1%83%d1%80%d0%b1%d0%b8%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%be6

Црквата „Св. Ѓорѓи“ се наоѓа во непосредна блзина на Преспанското Езеро, на три километри од село Курбиново. Изградена е во 1191 година, во 12 век, а за споменик на културата од прва категорија е прогласена во 1952 година. Своето место во ризницата на светски вредности го обезбедува токму со фрескоживописот, кој се смета за бисер на византиското сликарство. Но, ова непроценливо културно наследство, е комплетно оставено на забот на времето. Освен објкектот, целосно е запуштена и околината, а до црквата се стигнува по тесен и тешко пристапен пат.

-,,Сега не може да се дојде до Курбиново со автобус, што е неприфатливо. Ако како држава сакаме да му дадеме значаење на светски споменик на кулутурата, мора еден таков објект да има пат. Мора овој објект да има придружна инфраструктура каде ќе се нудат неопходни информации, проспекти, разгледници, да има место каде посетителите ќе седнат и ќе се освежат, но исто така обејктот да биде обезбеден, а да се наплаќаат и влезници”,- вели Палигора за Актуелно.

Од битолски Завод и музеј не можат да прецизираат кога ќе започне реставрацијата и конзервацијата на црквата во Курбиново, токму заради ситуации кои ги пролонгираат роковите. Велат дека врз основа на досега истраженото и добиените податоци ќе се изработи проектна документација, а на почетокот на градежната сезона се надеваат дека ќе започнат активностите на терен.

Р.А.-ako.mk