Битола и битолчани се задушуваат

Последните мерења на квалитеот на воздухот, во 20 часот(13.01.2017) во сите градови во Македонија каде постојат мерни станици покажуваат неверојатно високи проценти на загаденост.

Во Битола на мерната станица Битола2 се измерени неверојатни 995 ПМ честички на метар кубен воздух. На сите други мерни станици бројачите покажуваат од 500 па нагоре ПМ честички. Центар, Карпош,Лисиче, Гази Баба, Ректорат, Куманово се во континуитет најзагадени.

Ниските температури заради кои се зголемува потрошувачката на огревно дрво, топланите работат речиси 24 часа, но и зголемената потрошувачка на гориво во автомобилите на вакви температури , го направија воздухот неподнослив за дишење.

Властите не преземаат никакви мерки, а амбулантите се полнат со луѓе болни од грип и со проблеми на дишните патишта.

ако.мк