БиХ: Грујичиќ прогласи победа во Сребреница

Избирачките места на локалниte избори во Босна и Херцеговина се затворија во 19 часот.

Граѓаните на БиХ избираа градоначалници и началници на градови и општини во Република Српска и во Федерацијата на БиХ, како и одборници во општински собранија во двата ентитета, како и во дистриктот Брчко.

Претседателот на Централната изборна комисија (ЦИК) на БиХ, Ахмет Шантиќ, изјави дека на гласачките места во цела Босна и Херцеговина до 15 часот излегле 1.240.212 избирачи или 38,78 граѓани со право на глас.

На изборите во Федерацијата на БиХ гласале 700.829 избирачи или 36,41 отсто, во Република Српска 508.336 или 42,73 отсто, а во дистриктот Брчко 31.047 или 37 отсто.

Шантиќ потврди дека се прекинати изборите во Стоц поради физички напад на членовите на Општинската изборна комисија.

Инциденти се забележани на неколку гласачки места во Република Српска, а се однесуваат на обид за купување на гласови.

Локалните избори не се одржаа единствено во Мостар.

Првите неофицијални резултати од изборите се очекуваат околу полноќ.

Грујиќ победи во Сребреница!?

Кандидатот за началник на Сребреница, кој има поддршка ос сите српски партии, Младен Грујичиќ, ја прогласи победата, со тврдење дека има остварено повеќе од 3.000 гласови од актуелниот градоначалник и противкандидат Ќамил Дураковиќ.

Грујичиќ освои 3.534 гласови, додека за Ќамил Дураковиќ гласале 650 избирачи, податоците се од 15 од вкупно 27 избирачки места. Ова се податоци од редовните избирачки места, а во оваа општина се очекуваат 1.596 гласови по пошта, додека 1.703 избирачи гласаа во отсуство.

Од СДА, меѓутоа, порачуваат дека треба да се сочека да стигнат сите гласови.

Во Бања Лука води кандидатот на социјалдемократите

На изборите во Бања Лука, според податоците на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) од 41.168 преброени гласови, нивниот кандидат за градоначалник Игор радојичиќ добил 24.644 гласови или 59,86 отсто од гласовите.

Според тие податоци, кандидатот на Сојузот за промени (СЗП) Драган Чавиќ доби 15.524 гласови или 40,14 отсто од гласовите.

СДА прогласи победи во Сански мост, Тешањ и Бановиќи

Халид Гењац, шеф на изборниот штаб на СДА, изјави дека оваа партија ќе остане најголема политичка партија во БиХ, со најголем број началнички и советнички мандати.

„Можеме да кажеме дека се исполнуваат нашите очекувања“, рече Гењац и додаде дека СДА, според нивните информации, веќе може да ги прогласи победите во Сански мост, Тешањ и Бановиќи.