Близнаци во Феникс родени во различни години

 

 

Браќата близнаци Сојер и Еверет од Феникс во Аризона се родени во две различни години, иако со неколку минути разлика. Како што јавуваат американските медиуми, семејството Вели е пресреќно, бидејќи го добиле најголемиот новогодишен подарок.

Првото бебе е родено неколку минути пред полноќ 2016, а второто неколку минути по полноќ 2017 година.

Постариот брат се вика Сојер, помладиот Еверет. Семејството има веќе две ќерки од 4 и од 13 години.