На четвртата по ред инаугурација за Претседател на Руска Федерација, Владимир Путин пристигна со лимузината-тенк, како што ја нарекуваат руските медиуми, произведена во Русија.

Возилото е од руската програма за домашни возила за потребите на државните функционери наречена ,,Кортеж“.

Чини 90.000 евра, но претседателското е поскапо заради дополнителната опрема.

Кортеж ќе се најде на пазарот и секој кој има пари и го сака токму него, ќе може да го купи.