Блокирана трансакциската сметка на Ивона Талевска

На Ивона Талевска, главната уредничка на весникот „Вечер“, веќе подолго време и е блокирана трансакциската сметка, дознава „Фокус“. Скопски адвокат, кој се обидел да наплати долг од Талевска, не успеал бидејќи извршителот му кажал дека сметката е блокирана.

Адвокатот за Фокус појаснува дека требало да наплати околу 1.500 евра за адвокатски трошоци и судски такси бидејќи Талевска изгубила два судски спора за клевета и навреда, па сите трошоци паѓаат на товар на оној што го губи предметот. Во случајот Талевска била тужител, односно се почувствувала наклеветена и навредена од новинарски текстови, па поднела две тужби против новинари, една против Бранко Геровски, и втора против Мери Јордановска и Јадранка Костова. Но, бидејќи судот не пресудил во нејзина корист, сега треба да ги подмири трошоците.

Како што  појаснува адвокатот за „Фокус“, од извршителот дознале дека Талевска има автомобил на свое име, па доколку не ги подмири трошоците ќе се обидат да ги наплатат преку возилото.

Од Фокус се обиделе да добијат  став и од Талевска, но таа не одгоорила на нивните телефонски повици.

Неодамна Специјаното јавно обвинителство отвори истрага против уредничката, односно со случајот „Тифани“ ја истражуваат работата на фирмите „Смарт центар“ и „Смарт груп“ во кои Талевска некогаш била директорка.

Извор:Фокус