Блокиран патот Прилеп-Ресен од граѓани што немаат струја со часови

(обновено) 21 час-извештај на АМСМ-НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ: Магистралниот пат А3 Прилеп – Ресен кај нас.Баир, кој беше блокиран од група граѓани е нормализиран.

ЗАБРАНИ ЗА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Куманово – Св.Николе и обратно, се уште е во прекин за сите видови возила. На коловозот има возила и се работи на расчистување на патот.

Сообраќајот на патниот правец Куманово – Крива Паланка се одвива отежнато поради наноси од снег на коловозот.

ЗАБРАНИ ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: На планинскиот премин Плетвар, како и на патните правци Маврово – Дебар и Кочани – г. п. Делчево сеуште важи забраната за движење на тешки товарни возила.

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ Поради врнежи од снег затворени се за сообраќај патиштата кон селата Герман, Гошинце и Алешевце.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од снег, по интервенција на екипите на Македонијапат.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.
Жители на населбата Баир во Прилеп, заради немање струја подолго време, го блокирале магистралниот пат кон Ресен. Низ државата се затворени и други сообраќајници заради лошите временски услови.

Билтенот на АМСМ од 19 и 30:

ИНФОРМАЦИЈА: Магистралниот пат А3 Прилеп – Ресен кај нас.Баир е блокиран од група граѓани поради немање на електрична енергија.
ЗАБРАНИ ЗА СООБРАЌАЈ: Во 14.20 ч. воведена е забрана за движење за сите видови возила на патниот правец Куманово – Св.Николе и обратно. На коловозот има возила и се работи на расчистување на патот. Регионалниот пат Кратово – Пробиштип е сеуште во прекин во двата правци за сите возила.

Сообраќајот на патниот правец Куманово – Крива Паланка се одвива отежнато поради наноси од снег на коловозот.

ЗАБРАНИ ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Во 15.00 ч. повторно е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар. Забраната за сообраќај на тешки товарни возила сеуште важи на патниот правец Маврово – Дебар. Забрана за тешки товарни возила е воведена и на патиниот правец Кочани – граничен премин Делчево.