Звонимир Бобан ја напушти ФИФА каде работеше како зменик на генералниот секретар и реши да се врати во Милан каде ќе работи со легендата на овој клуб Паоло Малдини.

Малдини е спортски директор во Милан кој се обудува да се врати на старите славни патеки, Бобан играше за „росонерите“ од 1991 до 2001 година, се враќа на местото на успехот, потврдуваат од клубот.

ФИФА го потврди заминувањето на Бобан кој во оваа меѓународна фудбалска асоцијација беше од мај 2016 година.