Боб Дилан останал без зборови

Американскиот кантавтор Боб Дилан по подолго време откако беше соопштено дека добил Нобелова награда за книжевност се огласи објаснувајќи дека наградата  го оставила без зборови.

Боб Дилан молчеше неколку недели, што предизвика непријатна атмосфера и реакции и во јавноста и во Шведската академија, а некои од членовите го нарекоа дека е арогантен. Дилан е првиот музичар што ја добил оваа престижна награда.

 

Веста за конечниот прекин на молкот по доделувањето на наградата дојде истовремено со објавувањето на интервјуто на Дилан за британскиот весник The Telegraph. Во разговорот тој потврдува дека ќе присуствува на доделувањето, ако биде во можност.

Со ова светски познатиот музичар стави крај на дилемата дали ја прифаќа Нобеловата награда и како што изјавил, со задоволство ќе ја земе.