Боб Дилан ја игнорира Нобеловата награда

Комитетот за Нобелова награда престана да го бара добитникот на Нобеловата награда за книжевност Боб Дилан, откако тој не одговори на ниту една порака од нив.

Тој досега не се произнесе како гледа на оваа престижна награда, иако откако беше објавено одржа еден концерт.

Секретарката на Комитетот за Нобелова награда изјавила дека тие добиле срдечни одговори од пријатели на Дилан и дека се надева дека тоа е доволно за да престанат со испраќањето пораки и мејлови.

Во декември се одржува заедничката свеченост на сите добитници на наградата од сите области, но не се знае како ќе реагира дотогаш Боб Дилан.

Она што се знае е дека од објавувањето дека е добитник на наградата енормно порасна продажбата на неговите книги и музички албуми.