Богата ифтарска трпеза за Заев и делегацијата при посетата на Емиратите

Премиерот Зоран Заев со владина делегација се наоѓа во посета на Обединети Арапски Емирати.

За нив беше приредена вечера со богата трпеза.

,,Ми беше чест и задоволство да бидам специјален гостин на ифтарската вечера на шеикот Нахјан Бин Мубарак Ал Нахјан, министер за култура, млади и социјален развој на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Шеикот најави инвестиции на ОАЕ во Северна Македонија, а јас во име на Владата искажав подготвеност за темелна соработка, потенцирајќи ги уште еднаш клучните вредности на нашата земја, како што се одличната географска положба, економската флексибилност за инвестиции, работливиот народ и мозаикот од култури и заедници кои живеат кај нас.

Преку негова директна поддршка остваривме работни средби со повеќе компании од Дубаи и Абу Даби со кои отворивме можности за економски инвестиции во нашата земја.

Премиерот Заев и шеикот
Нахјан Бин Мубарак Ал Нахјан

За време на посетата ме придружуваа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и директорот на царина, Ѓоко Танасоски“-објави Заев.