Богатите во Франција донираат, собрани се една милијарда евра за обнова на Нотр Дам

Најбогатите луѓе на Франција, фирми и компании за два дена донираа речиси една милијарда евра за обнова на катедралата во Париз, која делумно изгоре во големиот пожар.

Советникот за култура на францускиот претседател изјави дека свои донации дадоа и светските гиганти Диор, Шанел, Лореал, но и американската компанија Епл.

Први донираа францускиот милијардер Франсоа -Анри Пино кој од своето богатсѕтво одвои 100 милиони евра помош за обнова на катедралата Нотр Дам, а по него и Бернарн Арно кој даде 200 милиони евра.