Богат политички ден на Груевски-средба со сите амбасадори и интервју на АлСат-М

Македонија во владеењето на ВМРО-ДПМНЕ неуморно секојдневно работеше на состојбите и на решавање на проблемите и подобрување на демократијата и носење на закони кои ќе ја приближат државата кон ЕУ и Македонија беше слободна држава на слободни граѓани кои што слободно го искажуваа своето мислење на изборите, а се останато беше една сериозна кампања под кои потпаднаа многу луѓе, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во вечерашната емисија „200“ на телевизија Алсат.

Ние што ова го работевме во овие три месеци беа многу контакти со граѓаните, одења на терен, истражувања на нивното мислење, каде биле нашите слабости и предности и фокус каде треба во иднина да одиме. Бомбите беа само средство за уривање на кредибилитетот на ВМРО-ДПМНЕ преку креирани и сечени материјали со кои што требаше да се прикаже друго лице на ВМРО-ДПМНЕ и тоа беше политички инструмент за отстранување на ВМРО-ДПМНЕ на власт и не беше случајно што ВМРО-ДПМНЕ го освои мнозинството на гласови на минатите избори бидејќи луѓето препознаа дека станува збор за голема измама, потенцираше Груевски.

Тој вели дека ние имаме класична политичка хајка против не истомислениците, против раководители на поранешните државни структури и најмногу против  раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ во неможност да одговори пред граѓаните за нивните потреби и во неможност да реализираат ветувањата кои што ги ветија за подобар живот и да ги вратат децата кои што заминале во странство и поради неможност за реализирање на овие проекти тие ја дефокусираат јавноста со политичка хајка против ВМРО-ДПМНЕ, вели Груевски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и членови ма ИК на ВМРО ДПМНЕ денес (19 септември 2017та година) остварја средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија и НАТО како и преставници на ОБСЕ и ОДИХР.

На средбата се разговараше за актуелната состоба во државата, подготовката на локалните избори, како и стратешките интереси на државата.

Од страна на Груевски беше истакнато дека стратешки приоритет на Република Македонија преставува членството во Европската Унија и за тоа е многу важна поддршката од европските пријатели со цел придвижување на процесите. Во изминатиот период освен декларативна заложба на владата, немаше никаков суштински продонес за напредок на полето на интеграциите.

Беше изразена загриженост од негативните трендови во економијата која придонесува за слабеење на стандардот на граѓаните, и создавањето на лош амбиент за водење на бизнис.

Истовремено загрижува и тенденцијата кое преминува во редовна пракса на повреда на законите, кога станува збор за именување на функционери, како и корупциските скандали кои се врзуваат за владата, а кои говорат за незаконско постапувања.

Воедно беше посочена потреба владата активно да се ангажира за создавање на демократски амбиент за одржување на локалните избори, и за таа цел не се во полза политичките пресметки и хајки врз градоначалниците, негативната реторика која не придонесува кон градење на доверба кон целокупниот процес. Беше изразена силна загриженост од првичните обиди да се заплашуваат гласачи и да се поткупува гласот од страна на Сдсм. Се побара да се создадат сите услови за фер и демократски избори.