Богдановиќ: Го спасивме кејот, останува шеталиштето за граѓаните

Го спасивме Кејот на реката Вардар во Центарот на Скопје. Нема да се гради улица за приватни интереси на бизнис партнери, на Никола Груевски. Кејот останува шеталиште, со зеленило отворен за сите граѓани. Ќе добие и урбана опрема ,клупи,фонтани,жардиниери, исклучиво за пешаци-изјави Саша Богдановиќ, претседател на ОО на Скопје на СДСМ.

,,Успеавме да го заштитиме Кејот заедно со граѓаните. Ја спречивме намерата на Груевски и на Коце Трајановски да го уништат Кејот за да се реализира планираниот бизнис на партнерот на Груевски, Алек Теренова.

Како СДСМ, преку советничката група во советот на Општина Центар покажавме како се соработува со граѓаните и како се штитат интересите на граѓаните, а не на урбаната мафија.

Вака ќе продолжиме да работиме. Сите решенија ќе ги носиме низ отворени дискусии со граѓаните и експертите.

Граѓаните на изборите покажаа дека сакаат совесни политичари. Времето на неодговорни политичари како Груевски и како Трајановски завршува.

По новата реформска Влада , следува и нова одговорна власт во Град Скопје која што ќе се грижи единствено за интересите на граѓаните“-изјави Богдановиќ.