Богдановиќ: Коце Трајановски и Алек Теранова веднаш да престанат со уништување на кејот

 

Саша Богдановиќ, претседател на општинска организација на СДСМ во Центар побара од градоначалникот Коце Трајановски и бизнис партнерот на Никола Груевски Александар Ивановски, познат како Алек Теранова да престанат со изградбата улица на кејот на Вардар.

Граѓаните и сопствениците на угостителските објекти исто така излегао да  го изразат своето незадоволство во врска со отпочнување на изградбата на улица, која целосно ќе  го уништи кејот на реката Вардар, односно шеталиштето.

,,Само сакам да напоменам дека во изминатиот период донесовме една одлука како Општина Центар кадешто законски успеавме да ја спречиме постапката на оваа улица, но сепак со измени на законот градот ни ги одзема ингеренциите во тој дел.

Во понеделник договоривме заедно со советниците на Општина Центар, вонредна седница, на којашто ќе ги преземеме сите законски мерки со кои ќе спречиме да продолжи изградбата на оваа криминална улица која, како што знаете  ја гради познатиот бизнис партнер на Груевски, Александар Ивановски, Алек Теранова, кој беше спомнуван и во бомбите, односно во проектот Вистината за Македонија.

Сакаме да апелираме и до инвеститорот Дивелоп Груп, односно изведувачот на улицата веднаш да престане бидејќи ќе се соочи со одредени санкции којшто следуваат за него-изјави Богдановиќ.