Богдановиќ укажува на криминалот со земјиштето продадено на ,,Никофон“ за катната гаража кај Авто-Македонија

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, на прес конференцијата одржана вчера по повод судската одлука дека сопственикот на ,,Никофон“ може да почне да ја гради несаканата катна гаража кај Авто-Македонија, потсети како тој дошол до државното земјиште .

На петти април 2012 година, советниците во општина Центар, во тоа време предводена од градоначалникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Владимир Тодоровиќ ,на седница го носат изменетиот Детален урбанистички план за Голем ринг, во кој државното земјиште до „Аутомакедонија“ се брише како паркинг за жителите во околните згради и добива намена Е2 и Б, за катна гаража и деловни простории.

Два клучни моменти од постапката за катната гаража Никофон се важни, вели Богдановиќ.


1. Земјиштето е продадено по драстично пониска цена од онаа што е предвидена согласно Уредбата за висината на цената на градежното земјиште во сопственост на Република Македонија.
2. Спорно е како е дојдено до почетната цена на продажбата при јавното наддавање за конкретното градежно земјиште.

За криминалната продажба на државното земјиште, градоначалникот Богдановиќ доставил преставка и во ОЈО , но отаму нема реакција , поради што тој вчера драматично порача- ,,што треба да направам, да се самозапалам за да реагира некој“?-порача тој.

Во проодлжение целата прес конференција на градоначалникот на Оптина Центар, Саша Богдановиќ.