Богдановски бара институционална акција за справување со потпалувачите и загадувачите

На влезот во Скопје во општина Гази Баба во месноста Инџиково комуналните редари од градот Скопје вчера лоцираа запалено диво сметиште. Запалена е голема количина на секаков отпад, а огнот по реакцијата на Инспекторат на Град Скопје е изгаснат.

На лице место не беше затекнат сторител. Во близина на местото има диво населени лица кои живееат во импровизирани живеалишта. Од инспекторатот апелираат до Центарот за социјални работи да преземе мерки согласно закон за дислоцирање на овие лица.

Со ист апел на социјалните мрежи излезе и директорот на Инспекторатот, Мирослав Богдановски, кој вели дека нивните акции немаат долгорочен ефект, бидејќи бездомниците повторно стапуваат во акција само што ќе си заминат.

Бара да се ангажираат сите соодветни државни институции, пред се’ центрите за социјални работи.