Богдановќ јавно го повика инвеститорот на непожелната катна гаража на разговор за договор

,, Би сакал на Никола Настески, инвеститорот на катната гаража Никофон, но и на целата јавност, да порачам дека и јас и Општина Центар сме подготвени за разговор и договор. Јас и жителите од околните згради сметаме дека таму, на тоа место, катна гаража не треба да има.
Во тоа име, како прв човек на една транспаретна, отчетна и општина одговорна пред граѓаните, го повикувам Никола на разговор во мојот кабинет, за еднаш засекогаш да најдеме решение за овој голем проблем за жителите на Центар, но и на сите граѓани на Скопје“-објави на својот ФБ профил, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Тој го упати овој јавен повик по судската одлука дека сопственикот на Никофон, Никола Настески, може да гради на спорната парцела кај Аутомакедонија .

Од друга страна, Настески не се откажува, бидејќи вели дека досега за откуп на парцелата која беше во владение на ПОЦ, комуналии и проектна документација, платил еден милион евра.

Но и тој покажува подготвенсот за преговори.

АКО.мк