Богоевски поднесе оставка

Павле Богоевски, независниот пратеник, којн делуваше во рамки на коалицијата на СДСМ, поднесе оставка по скандалот со снимката на телефонски разговор.

Откако беше објавена снимката на социјалните мрежи, тврдеше дека тој не нарачувал кокаин, туку масло од канабис за негова блиска роднина.

Сепак, по притисокот од јавноста , Богоевски се реши на ваков чин.

„Почитувана јавност, гласот за одземање на мандатот ќе биде мојот последен глас во ова Собрание. Оваа одлука ја донесов кога се пријавував во полиција. Не би сакал мојата пратеничка функција да влијае на правосудните органи кои ќе го истражуваат овој случај“, рече Богоевски на денешната седница на Комитетот за мандатно-имунитетни прашања во која се расправаше за одземање на пратеничкиот мандатот на поранешниот премиер Никола Груевски.