Богољуб Кариќ се врати во Србија

Богољуб Кариќ, поранешен стопанственик и сопственик меѓу другото и на БК телевизија, по 11 години прогонство, се врати во Србија, откако се повлечени сите обвиненија заради застареност или немање докази.

На аеродромот во Белград го пречекаа членовина семејството и партијата што ја раководеше и многубројни новинарски екипи. Кариќ беше послужен со леб и сол и пречекан со силен аплауз.

Тој изјави дека нема да се занимава со политика, ниту да се кандидира за претседател, а ќе и служи на државата помагајќи им на луѓето.