Словенија и Македонија одиграа нерешено 1-1 на „Стожице“ во Љубљана, целтта е остварена, 4 бода од два меча на стартот од квалификациите за ЕП 2020. Барди херој на Македонија со израмнувачкиот погодок во вториот дел.

Словенците искористија една грешка во нашата одбрана и го добија првиот дел со еден предност. Зајц ја матира нашата одбрана во 34 минута по центаршутот на Шпорар.

По водството на домашните, Македонија имаше две супер шанси, Пандев во 37 минута имаше идеална шанса, Барди пред крајот на првиот дел од идеална позиција не донесе израмнување.

Енис Барди

Енис Барди носи израмнување на Македонија во 47 минута од натпреварот, Алиоски им побегна на чуварите, Барди погоди за 1-1.

Словенците по израмнувањето се заканија преку Зајц и Вербиќ во 55 59 минута, сепак водство за домашните нема.

Македонија се закани преку Елмас но завршницата од нападот во 76 минута не донесе промена на резултатот, Облак одбрани.

Македонија сега има 4 бода, во јуни ни гостуваат Полска и Австрија. На табелата прва е Полска со 6 бода пред Македонија и Израел кои имаат по 4, Словенија има 2, Летонија нема бодови.