Божикна елка и прослава во Алепо (видео)

После пет години, на улиците во сирискиот град Алепо, христијаните го прославуваа Божик со елка и музика.

Жителите на овој град пет години беа изолирани, убивани, мачени и изгладнувани од радикалните исламистички групи. По целосното ослободување на градот од сириските безбедносни силио, за прв пат по пет години цивилите излегоа да го прослават најолемиот христијански паразник, раѓањето на Исус Христос.

Но, хуманитарните организации предупредуваат дека таму се уште има многу цивили кои се кријат, децата се премрзнати и умираат од глад.

Речиси во целосно разурнатата катедрала која се наоѓа на првата линија на фронтот, свештениците се молеа за мир обраќајќи им се на насобраните христијани за Божик.